Top Sport

Халеп стопирана во првото коло на Флешинг Медоуз!

Светската тенисерка број 1, Симона Халеп доби неславн оместо во историјата, откако загуби на стартот на 50. издание на САД опен од Естонката Каја Канепи и тоа со 6:2/6:4

Стадионот „Луј Армстронг“, обновен со 600 милиони долари и со подвижен покрив, веднаш беше место на големо изненадување, откако шампионката од Ролан Гарос, која се сметаше за една од главните фаворитки за титулата, „тресна“ против Канепи. Романката сега е првата светска тенисерка број 1 која загубила во првото коло на американскиот гренд слем.

Светската тенисерка број 44., Канепи беше четврт-финалист на Флешинг Медоуз минатата година, но оваа сезона не беше во најдобра форма. Сепак, против Халеп, таа почна фуриозно и го освои првиот сет со 6:2, пред Халеп да се врати од два брејка во вториот сет, но фрустрирачки тоа не беше доволно да се избегне изненадувањето.

Ова е втора сезона едноподруго Халеп да губи во првото коло, откако лани загуби од Марија Шарапова.

Фото: ЕПА

Scroll to Top