Top Sport

Година на фудбалски трагедии! Играч на Албасете падна од трет кат!

Почетокот на 2018 ќе биде одбележана како година на фудбалски трагедии. По смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори во сон, на хрватскиот фудбалер Бруно Бобан по удар со топка, на младинскиот фудбалер на францускио Тур, Томас Родригез, сега од Шпанија доаѓа вест за уште една трагедија.

Фудбалерот на второлигашот Албасете, Пелајо Ново сериозно е повреден по падот од третиот кат во хотелот „АББА“ во Хуеска, каде што вечерва требаше да играат меч од втората лига. Неговите колеги Рубен Мино и Сусаета веднаш му помогнале, пред да дојде првата помош. Мечот против Хуеска е откажан.

„Нашиот фудбалер, Пелајо Ново, доживеа страшна несреќа и е пренесен во болницата во Сарагоса“, се вели во соопштението на Албасете.

Scroll to Top