Top Sport

Модриќ: Подобро да не знаете каква музика имам на телефонот

Пред „Ел класико“, Реал Мадрид објави интересно видео на своите социјални мрежи на кои Лука Модриќ, Давид Алаба и Лукас Васкез ги откриваат своите „ритуали“ и тајни за подготовка пред излегување на терен, а најинтересен беше одговорот на капитенот на хрватската репрезентација.

„Прво што правам пред излегување на терен е чекор со левата нога, а пред загревањето секогаш го тргам прстенот и ланчето. Исто така ги бакнувам штитниците на кои има фотографија на моето семејство. Тоа е во основа тоа. Кога гостуваме, сакам да го имам Ајпадот со мене и да гледам серии и да слушам музика на телефон. Каква музика? Подобро да не знаете“, вели Модриќ.

Дали со ова Модриќ сака да сокрие пред шпанската јавност за „зависноста“ од балканската фолк-музика?

Инаку за хрватската фудбалска легенда дербито со Барселона ќе биде неверојатен 400. меч во белиот дрес на „кралевите“ од Мадрид.

Scroll to Top