Top Sport

Криза на повреди во Париз – ПСЖ без Кавани против Јунајтед

Пари Сен-Жермен доби уште една лоша вест, откако стана јасно дека ниту Единсон Кавани нема да биде подготвен за осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед поради повреда на бутниот мускул.

Кавани во саботата го постигна единствениот гол од пенал за 1:0 победа над Бордо, но во последните минути од првото полвуреме го напушти теренот за да биде заменет со Килијан Мбапе.

Бидејќи Нејмар веќе е во аут поради повредата на стапалото, ова значи дека од славното напаѓачко трио на „светците“ останува само 20-годишниот Мбапе. Нејмар, Кавани и Мбапе оваа сезона имаат постигнато 48 гола за ПСЖ да направи предност од 13 поени на врвот на Лига а.

„Мораме да осмислиме друга стратегија против Манчестер јунајтед кога фудбалерите се повредуваат. Веќе го загубивме Неј, а немаме ниту втор Еди. Но, подготвени сме за Манчестер и имам верба во моите фудбалери“, вели тренерот Томас Тухел.

Оваа криза на повреди го прави ПСЖ одеднаш аутсајдер против Манчестер јунајтед, кои под водство на новиот тренер Оле Гунар Солксјер имаат 10 победи во 11 меча.

Фото: ЕПА

Scroll to Top