Мохамед Салах вели дека фудбалерите на Ливерпул не добиле никаква заштита од „многу агресивната физичка игра“ на мексиканскиот клуб Монтереј при полуфиналната победа од Светското клупско првенство.
Ливерпул влезе во финалето против Фламенго со 2:1 победа во Доха со голот на Роберто Фирмино во 91. минута. Салах вели дека чилеанскиот судија Роберто Тобар не бил на висината на задачата, иако статистиката вели дека Ливерпул направија 13 фаули, а Монтереј девет.
„Тие беа многу агресивни и сите се жалевме на ударите на нозете поради тоа. Судијата не сакаше да не заштити, но не сакам да се жалам. Го покажавме нашиот квалитет и победивме во последната минута и го заслуживме тоа. Беше убаво да се видат толку Египќани на трибините и ја чувствувам поддршката, се надевам дека така ќе биде и во финалето“, вели Салах.