Еден од најдобрите фудбалери во светот, Мохамед Салах, ја предупредил конкуренцијата, дека Ливерпул има квалитет за да го освои трофејот во Лигата на шампионите. „Црвените“, минатата сезона дојдоа до финалето, каде беа поразени од Реал Мадрид (1:3).
Похдот кон трофејот Ливерпул го започнува во Ц-групата, каза противници ќе му бидат ПСЖ, Наполи и Црвена ѕвезда.
„Минатата сезона ги елиминиравме Манчестер сити и Рома, која беше подобра од Барселона. Беа тоа неверојатни натпревари…Игравме против вистински предизвикувачи, исто ќе биде и оваа сезона. Нашата цел е ново финале. Сигурен сум дека можеме да играме против секого“, рекол Салах за магазинот „Франс фудбал“.
Египѓанецот е оптимист и смета дека Ливерпул сезонава може да ја освои толку посакуваната титула во Премиер лигата на Англија.
„Убеден сум дека можеме да ги освоиме двете титули. Не сакам да вршам некаков притисок, но се е можно. Добивме добра група во ЛШ. ПСЖ има одлични играчи, со нетрпение чекам да излезам на теренот. Ќе биде вистинско уживање“, рекол Салах.
Ливерпул, вечерва од 21 часот, во дербито на првото коло, ќе го пречека ПСЖ.