Фудбалскиот клуб Салернитара го отпушти тренерот Фабрицио Кастори. Екипата од Салерно, кој сезонава по 21 година се врати во Серија А, се наоѓа на последното место на табелата со само четири освоени бода.
Челниците на Салернитана му го врачија отказот на Кастори, по вчерашниот пораз од Специја (2:1). На местото на Кастори, Салернитана ќе го ангажира Стефано Колантуано, кој во сезоната 2017/2018 го предводел овој тим.
Кастори е третиот тренер кој од почетокот на сезоната доби отказ во Серија а. Претходно Верона го смени Еузебио Ди Франческо, на неговото место го постави Игор Тудор, а Валтер Мацари во Каљари го замени Франческо Семпличи.