Top Sport

Салернитана го потврди трансферот на Очоа

Голманот на фудбалска репрезентација на Мексико, 37. годишниот Гилермо Очоа до крајот на оваа сезона ќе биде играч на Салернитана, објави во петокот италијанскиот прволигаш.

Очоа во Салернитана дојде без оштета од редовите на мексиканскиот прволигаш Клуб Америка.

„Фудбалерот потпиша договор до 30. јуни 2023 година со опција за продолжување и ќе го носи дресот со број 13“, објави Салернитана, која моментално е 12. на табелата во Серија А.

Салернитана се одлучи да го ангажира Очоа, откако се повреди првиот голман Луиџи Сепе.

Серија А ќе продолжи на почетокот на новата календарска година, а Салернитана на 4. јануари ќе му гостува на Милан.

 

Scroll to Top