Top Sport

Реграги му се заблагодари на Халилхоџиќ: Тој го створи овој тим

Селекторот на мароканската фудбалска репрезентација Валид Реграги му се заблагодари на Вахид Халилхоџиќ кого го замени на селекторската функција. Реграги постигна историски успех на СП во Катар, со Мароко го освои четвртото место.

Ваход Халилхоџиќ го водеше Мароко од 2019 година, избори пласман на Светското првенство, но тамошната федерација му врачи отказ поради несогласувањата што ги имаше со најголемите ѕвезди во тимот (Зијеш, Буфал, Мазрауи).

„Браво и благодарам Вахид. Тој направи одлична работа и ја создаде оваа група на играчи со кои игравме во Катар. Го донесов мојот менталитет, но костурот на тимот го направи Халилхоџиќ. Во полуфиналето не не донесе еден играч, туку целата група што беше создадена во квалификациите. Дури и оние кои играа само пет минути беа целосно посветени“, рече Реграги.

Мароко го заврши Мундијалот на четвртото место, откако загуби од Хрватска во мечот за бронзениот медал, а претходно Мароканците беа елиминирани од Франција во полуфиналето.

Во групата ги исфрлија Белгија и Канада, а во нокаут-фазата беа пообри од Шпанија и Португалија.

Scroll to Top