Top Sport

Илиевски стана нов спортски директор на Цедевита Олимпија

Легендарниот поранешен македонски репрезентативец, Владо Илиевски е нов спортски директор на кошаркарскиот клуб на Цедевита Олимпија, замененувајќи го Сани Бечировиќ, кој беше на оваа позиција од 2019 година.

Илиевски, кој го носеше дресот на Олимпија во кариерата, а играше и за Партизан, Барселона, Тау Керамика, Ефес, се пензионираше од активната кошарка во 2017 година, по што беше претседател на кошаркарскиот клуб Илирија, а се обиде да стане и претседател на Македонската кошаркарска федерација.

„Среќен сум што повторно се враќам во овој клуб, овојпат во малку поинаква улога. Овој клуб беше отскочна позиција во мојата кариера и сега ќе се обидеме да го кренеме клубот на ново ниво и да донесеме позитивна енергија. Голема чест е да се биде спортски директор на најголемиот словенечки клуб и сакам да покажам на дело дека сме вредни за таа позиција“, вели Илиевски.

Scroll to Top