Top Sport

Салихамиџиќ: Менаџерот му го испра мозокот на Левандовски

Спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ во една телевизиска емисија зборуваше за Пини Захави, агентот на Роберт Левандовски. Да потсетиме, полскиот напаѓач сака да го напушти клубот од Минхен и да се пресели во Барселона. Од друга страна челниците на Баерн немаат намера да му ја исполат желбата, според нив тој до крај ќе си го одработи договорот, кој истекува во јуни 2023 година.

„Има менаџер кој целосно му го испра мозокот“, изјави Салихамиџиќ, отфрлајќи ги наводите дека Левандовски не добил понуда од клубот за продолжување на договорот.

„Јасно е дека доби понуда со датум и сума“, изјави спортскиот директор на Баерн и додаде дека се сомнева, дека такви шпекулации во јавноста пласирал менаџерот Захави.

„Ако го направил тоа, тоа е тажно“, рече тој и потоа ја изјавата на извршниот директор Оливер Кан.

„Лева има договор до летото следната година и ќе си го одработи договорот, тоа е јасно. Најважно ни е да имаме договор со најважниот играч, што многу европски клубови би сакале да го имаат“.

Салихамиџиќ не одговори на прашањето дали добиле конкретна понуда од Барселона за Левандовски.

Захави не чекаше долго, туку преку „Билд“ му одговори на Салихамиџиќ.

„Секако дека можат да го задржат Левандовски уште една година. Да бидеме искрени, тој има договор до 2023 година. Но јас не би ви го препорачал тоа. Баерн е минато за Роберт Левандовски”, изјави Захави.

„Со месеци чувствува дека луѓето од Баерн не го почитуваат. Не го загубија играчот Левандовски, туку ја загубија личноста Роберт“, додаде Захави.

Scroll to Top