Top Sport

Рајс ќе остане во Вест Хем

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс и следната сезона, најверојатно ќе игра за Вест Хем. Интерес за неговите услуги особено покажаа Челзи и Манчестер Јунајтед, а приказната за неговата иднина во Вест Хем беше под знак прашалник од моментот кога тој неодамна одби да го продолжи договорот со „чеканите“.

Последните информации од Англија велат дека Рајс ќе остане во Вест Хем.

„Горд сум на овој тим. Имавме одлична сезона и во Лига Европа и во Премиер лигата. Очекувам и следната година да бидеме на тоа ниво“, истакна Рајс.

Вест Хем следната сезона ќе игра во Конференциската лига. Дејвид Мојс, стратегот на Вест Хем, процени дека Рајс вреди 100 милиони фунти и неговата цена ќе се зголеми по Светското првенство во Катар.

Scroll to Top