Top Sport

Почина помладиот брат на Марадона на само 52 години

Хуго Марадона, помладиот брат на фудбалската легенда Диего Марадона, почина на 52 години од срцев напад, нешто повеќе од една година по неговиот постар брат.

Хуго починал во својот дом во Неапол во вторникот, од срцев напад, исто како неговиот брат Диего, кој почина во Аргентина во ноември 2020. Како и славниот брат, Хуго беше професионален фудбалер, кој играше за клубови како Рајо Валјекано и Рапид Виена во дводецениската кариера, а настапуваше и во Венецуела, Уругвај, Јапонија и Канада.

И покрај тоа што беше дел од јуниорската репрезентација на Аргентина, неговата кариера не наликуваше на таа на неговиот брат, кој беше капитен на „гаучосите“ кога ја освоија светската титула во Мексико во 1986 година.

Смртта на Хуго Марадона доаѓа кратко откако тој објави дека планира да се активира политички во Неапол, каде што останува да живее неговото семејство по седумте години кои Диего ги помина во Наполи од 1984 до 1991 година.

Scroll to Top