Top Sport

Само бод за Вардар во Кратово, Шкендија на плус 11

Новиот кикс на Вардар го обележа 13 коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое Пелистер ја продлабочи кризата, Работнички минимално го победи Шкупи, а Шкендија победи во Прилеп.

Настапите во фазата по групи во Лига Европа очигледно лошо влијаат врз актуелниот шампион на Македонија, Вардар. „Црвено црните“ немаат ростер за успешно да се натпреваруваат на два фронта.

Вардар во 13 коло гостуваше во Кратово, одигра лош натпревар против Силекс, но успеа да се спаси од пораз.

Натпреварот заврши без голови, а Силекс во 26 минута не реализира пенал. Најстрогата казан ја изведе Тимов, а неговиот удар заврши во гредата.

Вардар ја продолжи лошата серија, по поразите од Работнички и Реал Сосиедад освои само бод во Кратово.

Киксот на Вардар го искористи Шкендија за дополнително да се оддалечи на врвот на табелата. Вардар со два натпревари помалку заостанува зад Шкендија 11 бодови.

Шкендија во Прилеп ја победи Победа со 2:0, а стрелци на головите беа Хасани во 11 минута од пенал и Ибраими во 94 минута.

Работнички по триумфот над Вардар успеа да врзе уште една победа и да го продолжи пробојот кон горниот дел од табелата. Работнички минимално славеше над Шкупи со 1:0, а единствениот гол го постигна Гофри во 45 минута.

Минимална победа забележа и Скопје во дуелот со Пелистер. Десниќ го постигна голот кој на Скопје му ги донесе бодовите. Пелистер од деветтата минута играше со играч помалку бидејќи Ковачев доби директен црвен картон.

Табела, 13 коло: 1. Шкендија 31 бод, 2. Академија Пандев (-1) 21, 3. Вардар (-2) 20, 4. Силекс 19, 5. Ренова 17, 6. Работнички (-1) 16, 7. Шкупи 15, 8. Пелистер 12, 9. Победа 12, 10. Скопје 9.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top