Англискиот репрезентативец Ешли Јанг е подготвен да добие и помала плата, за да остане во Манчестер јунајтед барем уште 12 месеци, јавува британскиот таблоид „Сан“.
33-годишниот бек Јанг, кој е седум години во Јунајтед, во моментов заработува околу 130.000 фунти неделно, но клубот сега му нуди нов договор со сума под шест цифри, која тој најверојатно ќе ја прифати, посебно бидејќи во клубот има „шема“ за бонуси за настапи и за перформанси.
Јанг дојде во Јунајтед од Астон Вила за 17 милиони фунти и на почетокот играше како крило, пред во последните сезони да се префрли на бековската позиција. Јунајтед исто така сакаат да обезбедат и потпис на Андер Ерера, чиј договор завршува на крајот на сезоната.
Фото: ЕПА