Зинедин Зидан имаше блескава кариера, која ја заврши на неславен начин, со црвен картон во финалето на Светското првенство во 2006 година. Зизу без топка го удри Марко Матераци порад што не го заврши финалето. На крајот Италија по изведувањето на пенали стана светски првак.
Зидан за „Telefoot“ рекол дека воопшто не е горд на тој момент од кариерата. Открил дека само еден човек можел да го смири неговиот бес. Рекол дека тоа можел да го направи само Биксенте Лизаразу. Легендарниот лев бек се повлече од националниот тим во 2004 година.
„Воопшто не се гордеам со она што го направив, но тоа е дел од моето фудбалско патување. Не можете да направите сè совршено во животот. Единствениот што можеше да ме спречи таа вечер е Лизаразу. Одлично беше што секогаш го имав на моја страна, но работите што се направени во минатото не можете да го поправите. Секогаш има тешки моменти во фудбалот, а ова беше еден од нив“, признал Зидан.
Покрај во француската репрезентација, Зидан и Лизаразу беа соиграчи во Бордо.