Лаутаро Мартинез треба да биде еден од фудбалерите што ќе го обележат летниот преоден рок. Медимуте аргентинскиот напаѓач најчесто го поврзуваат со Барселона. Наспроти медиумите менаџерот на Лаутаро, Бето Јаке, тврди дека неговиот клиент размислува само за Интер.
„Се зборува дека се заинтересирани Барселоона и Реал, но тој не е оптоварен со тоа. Други играчи не би можеле да спијат, но тој е фокусиран само на Интер. Никогаш не ми се јавил да ме праша дали тие муабети се реални, посветен е само на својата работа. Во контакт сме со многу луѓе, тоа е се. Досега немало конкретни понуди. Сон на секој играч е да биде во центарот на вниманието на фудбалскиот пазар, но желбата на Лаутаро е да игра и да постигнува голови“, рекол Јаке.
Лаутаро во својот договор има клаузула според која во периодот од 1 до 15 јули може да го напушти клубот за 111 милиони евра.