Top Sport

Само од двајца соиграчи Карагер бил навистина импресиониран

Џејми Карагер целата своја кариера ја минал во Ливерпул. Започнал во младинската школа во 1988 година, за сениорскиот тим дебитирал во 1996 година, а во пензија заминал во 2013 година. Црвениот дрес го носел на 508 натпревари.

За 17 години колку што минал на „Енфилд“ Карагер играч со многу врвни играч, но како што самиот вели само двајца го импресионирале.

„Додека играв за Ливерпул импресиониран бев само од двајца фудбалери. Тоа се Луис Суарез и Стивен Џерард. Кога ќе погледнате што се направи Суарез за Барселона, но и за Уругвај, тогаш ви станува јасно за каков фудбалер се работи. За Џерард не треба да се трошат зборови, тој е легенда на нашиот клуб“, рекол Карагер.

Scroll to Top