Top Sport

„Само профитот ви е важен“

Милан синоќа ја победи Рома со 2:1, во првиот натпревар од третото коло во Серија А. Патрик Кутроне го реши победникот во последните секунди од натпреварот, што се одигра во Милано.

Рома, како и во првите две средби, одигра просечен натпревар, што никако не им се допадна на навивачите. Во воведните три кола, Рома, освои само четири бода.

Незадоволните навивачи, по поразот од Милан, во клупскиот тренинг центар закачија транспарент, со што јасно го искажаа своето револт.

„Толку за титулата, толку за Лигата на шампионите. Вашите трофеи се само продавањето играчи и профитот“, пишувало на транспарентот.

Навивачите се незадоволни што челниците, во летниот преоден рок, ги продадоа клучните играчи: Раџа Наинголан, Кевин Стротман и голманот Алисон Бекер.

Scroll to Top