Top Sport

Само шестмина во Барселона се сигурни дека нема да бидат продадени

Барселона и понатаму е во неповолна финансиска ситуација која бара од каталонскиот клуб да продава играчи. И покрај потенцијалните нови спонзорски договори, гигантот ќе мора да се ослободи од неколку играчи. Прв меѓу нив се споменува Френки де Јонг.

Чави, тренерот на Барса, не сака да се збогува со холандскиот играч за врска кој пристигна во клубот во 2019 година, но веројатно и ќе мора. Најголем интерес за него покажуваат Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Освен него, каталонците се подготвени да ги слушнат понудите за дури 80 отсто од својот тим. Шпанските медиуми истакнуваат дека само шестмина фудбалери се сигурни дека нема да бидат продадени. Тоа се Ерик Гарсија, Роналд Араухо, Педри, Гави, Феран Торес и Ансу Фати.

Scroll to Top