Top Sport

СЕХА: Стеауа со победнички старт, шок за Железничар на Вујовиќ (видео)

Новаците во СЕХА-лигата имаа различен старт на натпреварувањата во новата сезона, откако Железничар од Ниш на Веселин Вујовиќ загуби во српското дерби од Војводина, додека Стеауа Букурешт се врати за импресивна победа над Татран Прешов.

Железничар почна одлично против тимот од Нови Сад, но Војводина направи одлична серија и поведе со 10:5, по што ова водство го задржа до крајот на натпреварот за 27:20 победа. Сретеновиќ и Спасиќ имаа по пет гола за Железничар, а Николиќ и Грозданиќ исто толку за Војводина.

Романската Стеауа пак, имаше одличен старт по тесната 26:25 победа над словачкиот Татран, откако губеа на полувреме. Алин Росу имаше седум гола за Стеауа, додека Страновски и Хрстка постигнаа по шест за Татран.

Македонското дерби помеѓу Вардар и Металург на програмата е утре во 20:45, а претходно играат и тимовите на Извиѓач и Мешков Брест.

СЕХА ЛИГА, 1.КОЛО

Стеауа Букурешт (Ром) – Татран Прешов (Свк) 26:25 (12:16)

Железничар (Срб) – Војводина (Срб) 20:27 (10:13)

Фото: СЕХА


Scroll to Top