Top Sport

Сампаоли „преживеа“. Аргентинците заштедеа осум милиони долари

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Хорхе Сампаоли, ќе продолжи да ја обавува својата должност иако со националниот тим постигна лош резултат на Светското првенство во Русија.

Како што пренесува „Оле“, по состанокот на 58-годишниот тренер со првиот човек на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапиа, било решено тој да остане на функцијата, иако по испаѓањето од мундијалот Тапиа имаше намера да му врачи отказ на селекторот.

Со останувањето на Сампаоли, АФА успеа да заштеди осум милиони долари, колку што изнесуваат „пеналите“ за предвремен раскин на договорот.

Сампаоли, во наредниот период, ќе треба да формира нов стручен штаб и ќе треба да најде замени за Хавиер Масчерано и Лукас Билја кои ставија крај на репрезентативната кариера.

Аргентина, на Светското првенство во Русија, забележа само една победа (Нигерија 2:1), одигра нерешено 1:1 со Исланд и загуби од Хрватска 0:3, а во осмина-финалето Франција го победи „гаучосите“ со 3:4.

Scroll to Top