Аргентинскиот селектор Хорје Сампаоли со тешко срце се појави на прес-конференцијата по понижувачкиот пораз од 3:0 од Хрватска по кој „албиселесте“ имаат само теоретски шанси за пласман понатаму.
Првото прашање од аргентинските новинари беше сурово: „Тренеру, има 40 милиони Аргентинци кои ве држат одговорен што го ставивте во игра Кабалјеро. Зошто не го чекавте Серхио Ромеро?“.
„Одговорен за поразот сум јас, а не голманот Кабалјеро. Несреќата по првиот примен гол не чинеше скапо и го ’скрши’ натпреварот за нас. Секако дека поразот боли, но кажав, јас сум виновен бидејќи не го прочитав натпреварот како што треба. Сум играл за националниот дрес и ја знам болката. Не ги остваривме очекувањата на аргентинскиот народ“, изјави Сампаоли.
Дека Сампаоли во моментов е најомразениот човек во Аргентина најдобро зборува тоа што дел од навивачите не почекаа да заврши мечот, туку го погодија со шише со вода по третиот гол на Хрватска.