Top Sport

Сампдорија испушти победа што живот значи

Сампдорија испушти многу важна победа на гости против Монца откако одигра 2:2. Матео Песина од пенал во 98.минута успеа да израмни и да донесе бод за Монца и ја намали надежта за обезбедување опстанок на гостите во Серија А оваа сезона.

Маноло Габијадини донесе предност за Самп во 12.минута, а израмни Андреа Петања во 35.минута. Во вториот дел Габијадини со својот втор гол во 58.минута повторно обебзеди предност за Сампдорија, но Песина израмни од пенал длабоко во судиското продолжение.

Scroll to Top