Top Sport

Иванишевиќ: Да си тренер на Ѓоковиќ е како во фудбалот да си тренер на Реал Мадрид

Легендарниот хрватски тенисер и шампион од Вимблдон од 2001 година, Горан Иванишевиќ во интервју за „sportsport.ba“ зборува за тоа како е да се биде тренер на Новак Ѓоковиќ, кој стана најуспешниот тенисер на светот со титулата од Ролан Гарос, 23-та гренд слем титула во кариерата.

„Новак е генијалец. Тоа се луѓе кои се родени победници, човек кој од мал зборувал дека ќе биде број 1. Посебен е, поинаков, а лесен за работа сигурно не е. Ништо во животот не е лесно, тоа е како во фудбалот да бидете тренер на Реал Мадрид. Притисокот е секогаш тука. Новак на теренот и надвор од него не е иста личност. На теренот се бори, понекогаш е тешко, тука сум да му помогнеме. Надвор од теренот се зезаме, опуштени сме, но кога се работи, се работи. Тој е перфекционист и секој ден сака да биде подобар. Затоа е тука каде што е. 23 гренд слем титули, најголем на сите времиња и не знам каде му е крајот. Тој е физички неверојатен, фала Богу, немаше потешки повреди. Не знам каде е границата, но сигурен сум дека ќе освои уште гренд слем турнири“, вели Иванишевиќ.

Тој гледа и јасен наследник на Ѓоковиќ.

„Карлос Алкараз, дефинитивно. Тој ми е како личност многу драг – секогаш пристоен, насмеан. Дете, може да ми биде син. Како тенисер е феноменален, има огромна енергија, фантастичен е и прекрасно е да се гледа као игра. Веќе е ѕвезда. Тука е и Италијанецот Јник Синер, чиј стил ми се допаѓа“, објаснува Иванишевиќ.

Scroll to Top