Top Sport

Ценхаузерн со победа на последниот слалом, Братен со прв кристален глобус

Швајцарецот Рамон Ценхаузерн ја заддржа предноста од првото возење на тешката патека во Солдеу, Андора, за победа на последната трка од сезоната од Светскиот куп во алпско скијање, но најголема радост имаше кај 22-годишниот Норвежанец Лукас Братен кој го совлада својот сонародник Хенрик Кристоферсен за титулата во слалом.

Ценхаузерн со краен напор го заврши второто возење за комбинирано време од 1:54.87, за само 0.06 секунди побрз од Братен, додека Кристоферсен беше трет со 0.63 секунди послабо време.

Братен оваа година победи на два слаломи и имаше дополнителни четири пласмани на подиумот за да собере вкупно 546 поени, 52 повеќе од Кристоферсен и 79 повеќе од Ценхаузерн.

Scroll to Top