Сергеј Самсоненко нема повеќе да инвестира во фудбалскиот клуб Вардар. Рускиот бизнисмен, во чувствителен момент, решил да се повлече од редвите на есенскиот шампион на Македонија.
Вардар се наоѓа на подготовки во Анталија, Турција, а неофицијално на фудбалерите им било соопштено дека можат да си бараат нови клубови. Од клубот досега не се огласиле по повод овие информации.
Црвени-црните од почетокот на сезоната се соочуваат со финансиски проблеми, но и покрај тоа успеаја на доминантен начин да го завршат есенскиот дел од сезоната во домашното првенство.
Вардар е лидер на табелата со 36 поени, осум повеќе од Шкендија.
Доколку Самсоненко го навистина го напушти клубот ( во минатото имаше неколку такви најави од негова страна), се очекува спасител да биде Градот Скопје, кој повеќе пати се споменуваше како нов сопственик на најтрофејниот македонски клуб.