Еден од најталентираните играчи во Европа, Џејдон Санчо, во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Јувентус. Англискиот репрезентативец е незадоволен во Дортмунд и веројатно е дека германскиот клуб ќе се обиде да го продаде.
Изминатиот месец е тежок за Санчо во клубот. Најпрвин доцнеше по репрезентативните обврски поради што доби парична казна и суспендиран на еден натпревар од страна на клубот. Потоа го натерале да тренира сам по силен дожд, а најмногу се изнервирал што бил заменет во полувремето на натпреварот против Баерн.
Оваа сезона Санчо одиграч 17 натпревари во сите конкуренции и забележал учинок од пет гола и девет асистенции.
Покрај Јувентус интерес за овој играч покажува и Манчестер Јунајтед.