Top Sport

Санчо се договорил со Манчестер Јунајтед

Бројни странски медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед и Џејдон Санчо постигнале договор за соработка. „Црвените ѓаволи“ сега треба со Борусија Дортмунд да го договорат обесштетувањето.

Санчо (20) според бројни извори ги прифатил условите кои се однесуваат на платата, бонусите и високата откупна клаузула што му ги понудиле од Манчестер Јунајтед. Се шпекулира дека Санчо на „Олд Трафорд“ неделно ќе заработува 400.000 фунти.

Од Дортмунд се уште не се огласиле околу сумата што ќе траба да ја платат „црвените ѓаволи“, но се шпекулира дека таа нема да биде помала од 100 милиони евра.

Џејдон Санчо сезонава одиграч 35 натпревари за Борусија на кои постигнал 17 гола и забележал 19 асистенции.

Scroll to Top