Џејдон Санчо може да добие шанса да се врати во тимот на Манчестер јунајтед на мечот од четвртото коло од ФА купот против Рединг, откако Англичанецот паузираше три месеци поради лични проблеми.
Санчо, кој досега не ги оправда 75-те милиони фунти кои „ѓаволите“ ги платија на Брусија Дортмунд во 2021 со 8 гола и 4 асистенции во 52 настапи, последен пат беше во игра за Јунајтед во првото полувреме при 1:1 ремито со Челси на 22 октомври. За време на паузата поради СП во Катар, Санчо тренираше индивидуално, пред оваа недела да се врати на работа со тимот.
„Тој тренираше со тимот и ќе видиме во сабота. Сега е подобро, направи чекор напред и ќе направиме одлука по последниот тренинг. Ќе видиме кога ќе влезе во натпреварувачка форма“, изјави Ерик Тен Хаг.