Талентираниот крилен напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо со гол и асистенција учествуваше во победата над својот тим во Келн (3-1) и го запиша своето име во историјата на Бундес лигата.
Санчо стана најмладиот играч кој успеал да постигне 15 гола во Бундес лигата. На возраст од 19 години и 151 ден тој го собори рекордот на Хорст Копел од 1967 година. Санчо од него е помлад за 34 дена.
Санчо во Дортмунд пристигна во 2017 година од Манчестер сити за осум милиони евра, во првата сезона постигна еден гол, а минатата сезона ја заврши со учинок од 12 гола и 14 асистенции.
За овој играч во преодниот рок најголем интерес покажа Манчестер Јунајтед. Најавите се дека „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го ангажираат во јануарскиот преоден рок, а сумата што ќе ја понудат мора да биде најмалку 100 милиони евра.