Top Sport

Сане и Жота неизвесни за СП во Катар

Како што се наближува Светското првенство во Катар, така со секој нов натпревар во клупскиот фудбал се зголемува ризикот од повреди поради кои играчите ќе го пропуштат најголемото шоу на светскиот фудбал.

На 33 дена до почетокот на Мундијалот и малите повреди значат дека играчите нема да имаат доволно време за рехабилитација и да се стават на располагање на селекторите, кои мора да ги достават конечните списоци на патници до 14. ноември.

Во овој момент се знае дека на СП нема да играат: Засега сигурно е дека на Катар ќе му Н’Голо Канте и Бубакар Камара (Франција), Рис Џејмс (Англија), Жорџинио Вајналдум и Бруно Мартинс Инди (Холандија), Хесус Корона (Мексико), Гиљермо Арана (Бразил), Педро Нето (Португалија), Флоријан Вирц (Германија), Урош Спајиќ (Србија), Буна Сар (Сенегал)…

Официјално се уште не е потврдено, но големи се шансите СП да го пошуштат и Пауло Дибала (Аргентина), Ришарлисон (Бразил), Кајл Вокер и Калвин Филипс (Англија), Пол Погба (Франција), Роналд Араухо (Уругвај) , Маркос Љоренте (Шпанија)…

Од вчера на списокот на повредени играчи има уште две имиња кои ќе се тркаат со времето за да се најдат на меѓу патниците на Мундијалот.

Загрижувачки вести пристигнаа утрово за навивачите на германската репрезентација, бидејќи повреден е нивниот, во моментов најдобра фудбалер, Лирој Сане.

Крилниот напаѓач синоќа против Фрајбург беше заменет во 75. минута.

Дополнителните прегледи покажале дека има скинато мускулно влакно на левата надколеница. Најдобрите проценки се дека ќе отсуствува три недели, но се стравува дека паузата може да биде и подолга. Сане игра одлично, на 15 натпревари за Баерн постигна 10 гола со пет асистенции.

Лоши вести од дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер сити стигнаа до Португалија. Напаѓачот Диого Жота, во финишто на мечот, на носилки беше однесен од теренот.

Јирген Клоп по натпреварот изјави дека повредата на потколеницата не е сериозна, меѓутоа и Жота ќе мора да одмори неколку недели.

Scroll to Top