Top Sport

Шумахер на Хас им направил штета од 5.000.000 долари

Сопственикот на тимот Хас во шампионатот на Формула 1, Џин Хас, меѓу редови откри дека Мик Шумахер нема да добие нов договор. Хас смета дека синот на легендарниот Михаел Шумахер, на тимот му предизвикал голема материјална штета од почетокот на сезоната.

„Овој спорт е прескап и едноставно не дозволува да ги кршите болидите, посебно кога сте почетник. Мик има голем потенцијал, но знаете тој нас не чини цело богатство, уништи многу болиди кои чинат многу пари, кои ние ги немаме. Би се справиле некако кога понекогаш би оштетил болид, но и кога би ни носел поени како што тоа го прави Макс Ферстапен во Ред Бул. Но, кога сте надвор од првите десет и го оштетувате болидот, тоа ве става во тешка позиција“, изјавил Џин Хас.

Според извештаите на медиумите, во 2022 година Шумахер уништи болиди во вредност од 5.000.000 долари. Од почетокот на сезоната, Мик Шумахер има освоено 12 поени.

Извесно е дека од следната сезона на неговото место во Хас ќе дојде Нико Хилкенберг, кој последната трка во Формула 1 ја возеше во 2019 година.

Scroll to Top