Фудбалерот на Баерн Минхен Лирој Сане доживеа нова повреда на коленото која од фудбалските терени ќе го оддалечи најмалку две недели. Сане кој во Баерн пристигна на почетокот на сезоната од Манчестер сити се повреди на мечот против Хофенхајм.
Поради повредата Сане ќе го пропушти натпреварот во Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд и во првенството против Херта, а нема да биде ниту во составот на германската репрезентација за натпревароте во Лигата на нации против Украина и Швајцарија.
Сане во текот на целата своја кариера има сериозни проблеми со коленото. Поради повредата на лигаментите на коленото тој ја пропушти минатата сезона во Манчестер сити.
Лирој Сане во Баерн пристигна од Манчестер сити за сума од 45.000.000 евра.