Top Sport

Сања жестоко му одговори на Фабрегас

„Добар фудбалер кој малку трча и не им помага на дефанзивците“, вака Бакари Сања одговори на изјавата на поранешниот соиграч Сеск Фабрегас. Фабрегас пред неколку дена рекол дека кога тој играл во Арсенал на исто нво бил само со Робин Ван Перси и Самир Насри.

„Ме изненади со таа изјава бидејќи тој беше лидер и еден од најголемите таленти во клубот. Не мислам дека на теренот го покажуваше она за што зборува сега. Дуеи и медиумите забележаа дека малку трча и дека не им помага на дефанзивците. За мене тој е многу добар фудбалер. Секако дека секој има право на свое мислење, но сметам дека тоа не е реално“, рекол поранешниот француски репрезентативец Сања.

Фабрегас и Сања беа соиграчи во Арсенал од 2007 до 2011 година.

Scroll to Top