Top Sport

Тренерот заразил осум фудбалери

Осум фудбалери на Вест Хем биле заразени со коронавирусот и се наоѓаат во самоизолација. Информацијата ја потврдила за медиумите директорката на Вест Хем Карен Брејди.

На почетокот на март во самоизолација беше тренерот Дејвид Мојс бидејќи бил во контакт со Микел Артета од Арсенал, кој бее позитивен и во меѓувреме се излечи од коронавирусот.

Од средбата со Артета до моментот кога беше суспендирано првенството фудбалерите на Вест Хем одржале неколку тренинзи. на тренинзите имале контакт со Мојс и се претпоставува дека на тој начин се заразиле со вирусот.

Scroll to Top