Top Sport

Трагедија, почина 14 годишен фудбалер на Атлетико

Атлетико Мадрид соопшти тажна вест која ги потресе сите во клубот и во цела Шпанија. Денес починал играчот од младинската школа на клубот, 14 годишниот Кристијан Минчола Санчез.

Атлетико не ја откриле причината за смртта на Кристијан кој бил член на клупската академија од 2013 година.

„Шокирани сме од тажната вест, длабоко жалиме за нашиот член. Атлетико Мадрид ќе му биде поддршка на семејството на Кристијан во овие болни моменти“, рекол претседателот на клубот Енрике Серезо.

Поради смртта на момчето родено на 19 февруари 2006 година Атлетико знамињата ги спушти на половина копје.

Scroll to Top