Бразилскиот клуб Сантос преку социјалните мрежи го нападна Џејми Карагер, откако поранешниот фудбалер на Ливерпул го нарече рекордот на постигнати голови на легендарнипт Пеле „само мит“.
„Споменав некаде дека Пеле е мит во фудбалот и не верувам во бројката од 1.000 голови“, изјави Карагер.
Според ФИФА, Пеле има 767 постигнати голови во кариерата, вклучувајќи 643 официјални голови за Сантос, но тој тврди дека постигнал 1.091 голови за нив во мечеви кои имаат сомнителен официјален статус.
Сантос на Твитер решија да одговорат со фотографија на трите светски титули на Пеле со порака: „Кралот беше посебно загрижен за несогласувањата околу неговата величина и неговите недостижни броеви. Не плачете“.
? "Pele's a bit of a myth, I'm not having this 1,000 goals." ?@Carra23 shares his theory about Pele's goal record pic.twitter.com/IWwtZE8bbQ
— Football Daily (@footballdaily) March 14, 2022
O Rei extremamente preocupado com a contestação sobre a sua grandeza e seus números insuperáveis.
Don't cry! ? pic.twitter.com/KJalgcd2AJ
— #SantosDoMundo (@SantosFC) March 16, 2022