Top Sport

Сантош: Немам проблем со Роналдо, ние сме пријатели

Фернандо Сантош, го изненади фудбалскиот свет со одлуката да го остави Кристијано Роналдо на клупата против Швајцарија. На неговото место играше напаѓачот на Бенфика, Гонзало Рамош, кој постигна три гола во победата на Португалија над Швајварија од 6:1.

Роналдо, едоби шанса во финишот на мечот. Влезе на теренот во 74.минута, постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Селекторот по мечот ги уверуваше новинарите дека помеѓу него и Роналдо не постои никаков проблем.

„Нема проблеми со нашиот капитен. Ние сме пријатели со години. Разговаравме пред натпреварот и не му пречеше мојата одлука. Тој е пример за сите“.

Португалија во четвртфиналето ќе игра против Мароко на 10.декември.

Scroll to Top