Top Sport

Сараево го претстави Македонецот Дробаров како ново засилување

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров потпиша едногодишен договор со Сараево, еден од најпознатите клубови во БиХ.

Дробаров е стопер, има 29 години, а досега во кариерата има настапувано и во Мексико, Кипар, Саудиска Арабија, Индија, Ерменија, Бугарија.

Дефанзивецот настапуваше за Черно Море, а минатата сезона во Бугарија беше избран и во најдобриот тим на шампионатот.

Scroll to Top