Top Sport

Сари: Де Лаурентис е виновен за моето и заминувањето на Игуаин

Поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, за италијанските медиуми изјавил дека, за неговото заминување од клубот е виновен претседателот Аурелио Де Лаурентис. Тој потенцирал и дека Де Лаурентис е виновникот и за заминувањето на Гонзало Игуаин од Непаол.

„Вистина е дека на ТВ дознав дека не сум повеќе тренер на Наполи. Се премислував тогаш, но во договорот постоеше клаузула и поради тоа ништо не ме прашаа. Тајмингот не е испочитуван. Се надевам дека Анчелоти ќе успее во она што јас бев многу блиску“, рекол Сари.

Тој дополнил дека му е благодарен на Де Лаурентис за шансата што ја добил и дека и понатаму е добар пријател со неговиот син Едоардо.

Сари проговорил и за трансферот што во 2016 година го крена на нозе Неапол, односно за заминувањето на Гонзало Игуаин во редовите на омразениот ривал Јувентус.

„Никого не предаде и секако не е предавник. Тој имаше проблеми само со претседателот“, истакнал поранешниот тренер на Наполи.

Сари со својот нов тим Челзи има одличен старт во премиер лигата, по првите четири кола „сините“ имаат максимален ефект.

Scroll to Top