Top Sport

Селекторот решил, капитен ќе биде Нејмар

Најскапиот светски играч, Нејмар е избран за „траен“ капитен на бразилската репрезентација, откако речиси две години селекторот Тите ги ротираше играчите што ја носеа капитенската лента.

Селекторот Тите, пред почетокот на новиот циклус на репрезентативни натпревари, решил дека еден играч ќе ја носи лентата, а тоа ќе биде најдобриот Бразилец, Нејмар.

Тите, оваа одлука ја донел во пресрет на пријателскиот натпревар што Бразил ќе го одигра против САД, во Њу Џерси.

„Многу научив. Одговорноста во овој момент е добра работа за мене. Бев многу критикуван во минатото и не се чувствував добро по таквите критики“, рекол Нејмар.

Инаку, Нејмар, пред две години, кога Бразил го освои олимпиското злато в Рио де Женеиро, реши на некој друг да му ја препушти капитенската лента со образложение дека тоа претставува преголем товар за него.

Scroll to Top