Top Sport

Жуниор Фирпо го импресионирал Гвардиола

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гаврдиола, во јануари ќе носи нов играч во клубот, кој треба да го засили одбранбениот бедем. Медиумите во Англија објавија дека, Гвардиола, покажал сериозен интерес за фудбалерот на Бетис, Жуниор Фирпо.

Фирпо има 22 години, игра за репрезентацијата на Шпанија, иако е роден во Доминиканската република. Зад себе има одлична сезона во тимот на Бетис.

Она што овој фудбалер го прави привлечен за врвните екипи е неговата поливалентност. тој може да игра како лев бек, лево крило или централен дефанзивец.

Наводно, Бетис нема да се противи на евентуалниот трансфер, но само доколку некој за Жуниор Фрипо плати најмалку 60 милиони евра.

Scroll to Top