Маурицио Сари врати на коментарите на фудбалерите и навивачите кои сметаат дека тој ќе биде предавник на Наполи доколку реши да стане тренер на Јувентус, поради големиот анимозитет кој постои меѓу навивачите на двата клуба.
Во нови извадоци од интервјуто за италијанското издание на „Венити фер“, тренерот на Челси мораше да одговара за прашањата за наводниот трансфер во Јувентус.
„Кој е предавник? Некој кој се предава. Тоа е некој кој дава предност на индивидуалните цели пред колективните цели. Затоа, мене повеќе ми се допаѓа предниот дел на фудбалскиот дрес, каде што е грбот на клубот. Одзади е името на фудбалерот и тоа не ме интересира. Сум го бакнувал дресот на Наполи? Зошто да не покажеш знак на љубов, за да не се почувствува некој навреден 10 години подоцна? Многу фудбалери ги сменија клубовите од Милано. Подобро е тоа да не се случи директно, но во тек на една кариера се случуваат многу работи“, вели Сари.