Top Sport

Сари: Кога ќе добиеш таков црвен картон, сè се менува

Италијанскиот шампион Јувентус го загуби првиот меч оваа сезона, откако Лацио со 3:1 ги совлада на „Олимпико“, но тренерот Маурицио Сари вели дека причината за ова е „погрешниот“ црвен картон кој го доби Хуан Квадрадо.

Тимот на Сари поведе со голот на Кристијано Роналдо, а по израмнувањето на Луиз Фелипе, Квадрадо доби црвен картон за дуел со Мануел Мацари кога тој беше во шанса за гол. Судијата Микаел Фабри прво му даде жолт картон, но по консултацијата со ВАР реши да го смени во црвен и Сари вели тоа било клучно Лацио да стигне до првата домашна победа над „бјанконерите“ од 2003 година.

„Не се согласувам дека тоа беше јасна ситуација за гол, бидејќи топката не одеше таму. Жолтиот картон беше вистинската одлука, но останува фактот дека направивме грешка што се донесовме во таква позиција. Црвениот картон смени сè. Но, и покрај поразот, гледам подобрување на мојот тим“, вели Сари.

Лацио од друга страна имаат седум победи во низа и се на само пет поени зад лидерите Интер и тренерот Симоне Инзаги вели дека тимот, кој последен пат беше шампион пред 20 години, мора да биде амбициозен.

„Сега сме во одлична форма и мораме да бидеме амбициозни, бидејќи пред шест недели никој не веруваше во нас. Уживаме во победата која не ја остваривме 16 години, во меч во кој се сеќавам бидејќи бев на клупата“, вели Инзаги.

Јуве се сопна на „Олимпико“, Лацио му направи услуга и на Интер (видео)

Scroll to Top