Top Sport

Дончиќ како Џордан, Далас ги декласираше Њу Орлеанс (видео)

Лука Дончиќ израмни рекорд на Мајкл Џордан, предводејќи ги Далас маверикс до неверојатна 130:84 победа над Њу Орлеанс пеликанс, постигнувајќи 26 поени со 6 скока и 9 асистенции.

Ова е неверојатен 18 меч едноподруго во кој Словенецот има најмалку 20 поени, 5 скока и 5 асистенции со што се израмни со легендарниот Мајкл Џордан и Оскар Робертсон со ваква низа. Маверикс го добија мечот уште во третата четвртина, во која направија 40:14, по што во последната четвртина добија шанса други кошаркари, како српскиот џин Бобан Марјановиќ, кој за 23 минути игра постави личен рекорд оваа сезона од 15 поени и 16 скока.

За Пеликанс пак, ова е најтежок пораз во историјата на клубот и дури осми пораз едноподруго за да дојдат до 6-17 скор. Далас, од друга страна има 16-6 и е втор на Западот.

Хјустон рокитс пак, стигнаа до 115:109 победа над Феникс санс предводени од Расел Вестбрук, кој имаше 24 поени, 14 скока и 11 асистенции, но и од Џејмс Харден, кој додаде 34 поени, 6 скока и 4 асистенции.

Проблемите на Њујорк никс пак, како да немаат крај, откако Индијана пејсерс со 104:103 ги победи во „Медисон сквер гарден“ за деветти пораз во низа на славниот клуб кој е заглавен на последното место на Истокот. Ти Џеј Ворен имаше 25 поени, додека Домантас Сабонис додаде 19 поени и 15 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Далас – Њу Орлеанс 130:84

Њујорк – Индијана 103:104

Филаделфија – Кливленд 141:94

Хјустон – Феникс 115:109

Јута – Мемфис 126:112

Scroll to Top