Маурицио Сари вели дека навистина му недостасува Гонзало Игуаин, откако работеше со аргентинскиот напаѓач во тимот на Наполи.
Во текот на летото се шпекулираше дека новиот менаџер на Челси ќе се обиде да го донесе Пипита на „Стемфорд Бриџ“, но наместо тоа тој реши да остане со Алваро Мората, но сега во интервју за „Кориере дело спорт“, вели дека му недостасува Игуаин, кој ова лето од Јувентус замина за Милан, каде што е во одлична форма.
„Каков и одговор да дадам, ќе се смета погрешен и ќе ми стават погрешни зборови во уста. Но, можам да кажам дека мислам дека Гонзало замина од Наполи прерано. Да останеше уште една сезона мислам дека ќе го освоевме скудетото. Тој беше дел од фантастичниот механизам во Наполи и добро се разбиравме. Ми недостасува многу. Тој ќе продолжи да дава голови додека не умре. Вистинска гол-машина, систематски и автоматски џек-пот“, вели Сари.