Top Sport

Сари: Навивачите нека пеат, јас не си одам

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари инсистира дека во ниту еден момент не помислил да си замине од лондонскиот клуб и покрај тоа што дел од навивачите на Челси покажуваа отворено непријателство кон Италијанецот при контроверзниот 2:1 триумф над Кардиф сити.

Рубен Лофтус-Чик постигна гол за победа во 91. минута откако Цезар Азпиликуета постигна гол од очигледен офсајд, приморувајќи го менаџерот на Кардиф Нил Ворнок да изјави дека Англија ги има „најлошите судии на светот“.

Додека траеше овој кам-бек, навивачите на Челси пееја: „Сакаме Сари да си оди“, „Не знаеш што правиш“ и „Е.и го Сарибол“. Италијанецот вели дека ги слушнал фановите, но дека не е загрижен.

„Можам да ги сфатам многу добро. На фудбалските терени сум 45 години и ги знам реакциите на навивачите. Бев разочаран за моите фудбалери бидејќи се бореа до крај, но за мене не е страшно. Во последно време се навикнувам на нивните песни. Морам само да работам за да го сменам нивното мислење, а за тоа треба само да победуваме. Тогаш навивачите ќе се среќни. Не си одам, тоа е сигурно и останувам тука. Кога пристигнав овој тим беше 30 поени зад Манчестер сити на петтото место. Сакам да бидеме подобри од тоа“, вели Сари.

Челси со победа кај Кардиф со помош на судијата (видео)

Scroll to Top