Top Sport

Милинковиќ-Савиќ го „реши“ Интер во Милано (видео)

Лацио стигна до минимална 1:0 победа на гостувањето кај Интер, кај кои како што најави тренерот Лучано Спалети во тимот воопшто не беше Мауро Икарди, зголемувајќи го притисокот на „нераѕурите“ и нивниот лидер.

Човек на одлука во вечерното дерби на Серија А беше српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој уште во 12. минута доби фантастична топка од Луис Алберто и го совлада капитенот Хандановиќ.

И покрај поразот, Интер останува трет со 53 поени, два повеќе од Милан, но Лацио сега е петти со 48 поени, колку што има и Аталанта најавувајќи интересна борба за местата кои водат во Лигата на шампионите од „чизмата“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top