Top Sport

Сари непожелен во Неапол: Зборуваше многу за Јуве, а сега ги спушти панталоните

Маурицио Сари вечерва ќе се врати на „Сан Паоло“, но како тренерт на омразениот Јувентус и навивачите на Наполи, секако, не му простиле на својот поранешен тренер.

Иако Сари изјави дека очекува „нормален“ пречек од навивачите во Неапол, на стадионот „Сан Паоло“ веќе беше јасно што ќе го очекува со транспарент полн со навреди.

„Сари, ти подгрбавено копиле, зборуваше многу за Јувентус, но потоа си ги спушти панталоните“, се вели на транспарентот кој се појави покрај стадионот.

Дуелот од Серија А почнува во 20.45 часот, а покрај „предавникот“ Сари, тука секако е и стариот „предавник“, Гонзало Игуаин.

Scroll to Top